Во Словенија 1.005 заразени, 15 пациенти починаа од Ковид-19
Во СЛовенија, во последните 24 часа, потврдени се 1.005 новозаразени со корона вирус, а од Ковид-19 починаа уште 15 пациенти, објави Министерството за здравство.
Владата поради стабилната епидемиолошка состојба прогласи „портокалова“ фаза и воведе нови правила.
Направени биле 23.097 тестирања. Заразени се за 50 помалку од вчера, но и нешто повеќе од состојбата минатата недела, кога имаше 983 заразени.
Во болниците се лекуваат 739 заболени од Ковид-19, а 149 се на интензивна нега. Валцинирани се 69.912 луѓе.
Бројот на починати од почетокот на пандемијата изнесува 3.705.
Од денеска на сила е правило според кое лицата кои доаѓаат од земјите на ЕУ и Шенген, полесно ќе влегуваат во Словенија, затоа што со приложување потврда дека се вакцинирани или прележале Ковид-19, нема да треба да се тестираат за да влезат во земјата, ниту ќе им биде одреден карантин.