Во следните денови нѐ очекуваат поројни дождови, ќе се намалат и температурите

Поројни дождови со грмежи во повеќе делови од земјата нѐ очекуваат попладнево и во следните неколку денови. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне, во северните делови, ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а максималната температура ќе биде до 38 степени Целзиусови.
Слично време ќе продолжи и во следните денови, утре температурите ќе достигнат до 36 степени, а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со краткотрајни поројни дождови и грмежи и со слаб до умерен ветер. До четврток, температурите ќе се намалат до 34 степени, а УХМР прогнозира променливо облачно време со сончеви периоди и со дождови во попладневните часови.
Времето во Скопје ќе биде слично, со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, како и слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер.