Ќе издржиме 40 дена, или мостот „Гоце Делчев“ ќе падне


Градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена. Станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и таму ќе има посебен сообраќаен режим, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот „Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање пред Град Скопје.