Во Скопје уапсени повеќе лица за економски криминал, акцијата во тек


Во полициска акција што се одвива на подрачјето на Скопје изутринава уапсени се десетина лица. Полициските специјалци вршат претреси  на неколку локации со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.

Од МВР за МИА потврдуваат дека во тек се претреси и апсења, а повеќе информации за целата акција најавуваат подоцна во текот на денот.