Во Скопје санкционирани 222 возача

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот. Притоа, само на територијата на град Скопје изрече вкупно 222 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.