Во Скопје првпат парада на миленичиња


Парада за миленичиња ќе се одржи на 13 октомври во Скопје, која организаторите ја нарекоа „Шепологија“.

Првата „Шепологија“ е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори, а сето ова е поради тоа што „Шепологијата“ е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на РМ во 13 часот со парадирање до Градскиот парк, каде што, пак, пред Школка ќе се случува музички хепенинг (DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park, DJ Set C2 Brothers, Ване Маркоски, Skopje Drumline, Беатрикс, Aгенција Моделс ИН, Ресторан Маркт, Крем Кафе, Веган 365) кој ќе трае до 22:30 часот.

Од организацијата „Шепасти ентузијасти“ повикуваат да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблест и хуман.