Во Скопје протест за поддршка на Палестинците


Фото: Б. Грданоски

 

Стотина души денеска се собраа пред џамијата „Мурат Паша“ во Старата чаршија во Скопје за да изразат поддршка на Палестинците во крвавиот конфликт меѓу Израел и Хамас. Протестот беше под мотото „Не молчи за масакрот во Палестина“ и се одржа по петочната молитва.

Имаше знамиња на Палестина, а протестот беше во организација на „Платформата за поддршка на Палестина“.

Сегашната војна започна на 7 октомври, кога Хамас го нападна Израел убивајќи 1.400 Израелци, главно цивили, по што израелската држава возвраќа со жестоко бомбардирање на Појасот Газа. Досега во тие бомбардирања загинаа 3.500 Палестинци.