Во Скопје, најмногу активни случаи со Ковид-19 има во Чаир – 134


Фото: Б. Грданоски

 

Според податоците на Институтот за јавно здравје приказот на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата, согласно епидемиолошки обработените податоци, најмногу случаи има во Чаир.

Во оваа скопска Општина заболен од Ковид-19 е и градоначалникот Висар Ганиу, кој се заразил од роднина со кој бил во контакт. Но, за разлика од роднината кој има повишена температура и малаксалост, како и кашлица, Ганиу нема симптоми, се чувствува добро и е во домашна самоизолација.

Активни случаи:
Скопје 532
Чаир 134
Бутел 56
Гази Баба 55
Аеродром 50
Сарај 47
Центар 42
Карпош 33
Кисела Вода 28
Арачиново 19
Студеничани 17
Ѓорче Петров 16
Илинден 15
Шуто Оризари 9
Петровец 6
Чучер Сандево 3
Сопиште 2

Тетово 100
Тетово 70
Теарце 18
Брвеница 5
Боговиње 5
Јегуновце 1
Желино 1

Според категоризацијата на ризикот од Светската здравствена организација, се проценува дека Скопје и Тетово се во четвртата фаза, односно имаат широко распространета трансмисија, додека, Штип е во трета фаза што значи дека трансмисијата е локализирана. Останатиот дел од државата е во втора фаза, односно, спорадични случаи.

Проценката на СЗО кажува дека постои висок ризик од ширење на корона вирусот на глобално ниво, но и во европскиот регион.