Во Скопје има 41 кластер – се заразувале на семејни собири


Фото: Б. Грданоски

Изминатата недела се направија тестирања на контактите од веќе заболените. Такво таргетирано тестирање беше направено за навремена изолација, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

– Се покажа дека заболените се здобиле со вирусот на семејни собири потврди Филипче.

Тој појасни дека полицискиот час викендов овозможи полесно тестирање на оние каде имаше потреба. Огромен процент од новодијагностицираните се со лесна клиничка слика или асимптоматски, а од тие што се болница, само осум се на механичка вентилација.

– Изминатите денови направивме детална анализа за која ќе говорат Караџовски и Зибери. Околу 65 отсто од активните случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а 90 отсто спаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите три кризни региони.

Оваа кластерска анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир околу 23, 24, 25 мај пред две недели.

Анализата во последните седум дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијални целини. Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје, надвор од првичните неколку кризни, а тоа е очекувано бидејќи градот функционира како целина и голем број од овие случаи се исто така резултат на собири – вели министерот.

– Непочитувањето на мерките не доведоа до ваква слика. Успеавме ширењето да го задржиме во одредени рамки – констатира Филипче.

Во периодот што следи, Комисијата за заразни болести ќе предложи до владата, односно утре, на владина седница, ќе се дискутира за воведување рестрикции во движењето, рече Филипче.