Во „Сју Рајдер“ во Битола заболени уште 10 пациенти и шестмина вработени


Уште 10 пацинети од хосписот „Сју Рајдер“ во Битола се позитивни на Ковид-19, или вкупно до денеска 33 заболени. Исто така позитивни на вирусот се и шестмина вработени. Значи од 46 тестирани во хосписот дури кај 39 е потврден вирусот. Од Центарот за јавно здравје информираат дека заболените се со лесна клиничка слика покриени со двојна терапија и под надзор на доктори од „Сју Рајдер“ и инфектолози од Клиничка болница во Битола.

Од ЦЈЗ продолжуваат со тестирање, така што денес се земени 15 брисеви од пациентите и еден брис од персоналот кои се без симптоми. Тестирањето ќе продолжи и во следните денови. (А.Б.)