Во Сирија ќе се гради христијанска црква, копија на Света Софија во Истанбул


Сирија– Православна христијанска црква е предвидено да се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која ќе се богослужи за христијани во државата и од странство, објави турскиот весник Сабах, кој се повикува на либански медиуми.

Според нив, новата црква ќе биде копија на Света Софија во Истанбул, која пред неколку дена е претворена во џамија од страна на турската Влада.

Идејата првично била на Николас Балбаки, кој е владика во Грчката православна црква во градот Хама во Сирија каде црквата има официјално претставништво.

Претходно проектот бил претставен на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија.

Се тврди дека добил одобрение од руската страна.

Градбата е предвидено да биде во градот Сукајлебие, област Хама, населен претежно со православни христијани.