Во Сирија и во Ирак загинале 26 државјани на Албанија


 

Според извештајот на безбедносните агенции за минатата година, 144 државјани на Албанија се придружиле на Исламска држава во Сирија и Албанија, од кои наводно убиени се 26 Албанци.

 

Како што пренесоа албанските медиуми, вкупно 144 лица се наоѓаат на боиштата во Сирија и во Ирак од кои 79 се мажи, 27 жени и 38 деца.

Од нив 45 се вратиле во Албанија – 30 мажи, седум жени и осум деца.

Според извештајот, на боиштата во Сирија и во Ирак сѐ уште се наоѓаат 73 државјани на Албанија.

Приклучувањето на државјани на Албанија на терористичката група ИС или на Ал Нусра почна во 2012 година.