Во Шведска расте бројот заболени, менуваат тактика, затвораат градови
Во Шведска повторно расте бројoт заразени со Ковид-19, но иако беше позната по различниот пристап кон епидемијата, сега најавува затворање некои градови од денеска.
Во Шветска, земја која ги држеше отворени училиштата, рестораните и компаниите, во четвртокот беа забележани 1.075 нови случаи со корона вирус, а во саботата 596. Бидејќи бележат постепен раст на заболени од почетокот на септември, паѓаат надежите за таканаречениот имунитет на стадо.
Властите на оваа земја, сега сакаат, според упатите на стручњаците, да ја применат стратегијата на затворање градови за да се сопре ширењето на корона вирусот низ земјата. Потегот е многу изненадувачки бидејќи рестораните и баровите во Шведска беа отворени додека остатокот од светот налагаше строги мерки.
Јавните собири со повеќе од 50 луѓе се забранети во моментот. Тоа се однесува на концерти, представи и протести, но не и за фирми, трговски центри или приватни настани. Агенцијата за јавно здравство бара од сите да избегнуваат настани со многу луѓе, вклучително и забави, венчавки и погреби.
Новите правила стапијa на сила од денеска и им овозможија на регионалните здравствени власти да им забранат на луѓето собирања на јавни места како трговски центри, концерти и базени. На луѓето им е кажано да избегнуваат јавен превоз и посета на старечки домови.
Агенцијата за јавно здравство бара од сите да избегнуваат јавен превоз ако е тоа можно, да пешачат, да возат велосипед или да одат со приватен автомобил. Ако мора да користат јавен превоз, тогаш да избегнуваат тоа да го прават кога има најмногу метеж, да држат дистанца, како во возилата, така и на постојките.
Сепак, мерките не се не аниво на цела држава, туку во рекионите каде има 50 новозаболени на 100.000 жители, а во моментов такви се четири региони: Упсала, Стокхолм, Оребро и Јамланд.
Главниот шведски епидемиолог Андерс Тенгел смета дека земјите како Холандија, Шпанија и Франција во моментот влегуваат во вториот бран, но дека тоа не е случај со Шведска.
„Тоа значи дека вирусот значително се шири во големи делови од општеството, а ние во Шведска тоа го немаме“, рече тој и додаде дека порастот на новозаразени секако треба да се сфати сериозно.