Во Шпанија убиен 24 годишен фудбалер, уапсен осомничениот напаѓач (видео)


 

Шпанскиот фудбалер Франциско Навал Перез (24) почина откако беше избоден со нож во Кадиз. Шпанските медиуми објавија дека е уапсен 20-годишен осомничен, кој наводно го повредил во попладневните часови во саботата.

Перез, член на нисколигашот Чипиона ФК, бил пренесен во болница со убодна рана во градниот кош. Тој почина во неделата.

Засега не се наведува причина за нападот на Перез.

Шпанските власти наведуваат дека нема врска меѓу убиениот и осомничениот, чие приведување е снимено. Осомничениот млад човек нема полициско досие.

 

Реал Мадрид се огласи на социјалните мрежи по смртта на Перез.

„Реал Мадрид длабоко жали за смртта на Пако Навал, фудбалерот на Чипиона. Изразуваме сочувство до неговото семејство, клуб, соиграчи и најблиски. Нека почива во мир“, се вели во соопштението на мадридскиот клуб на Твитер.