Во Шпанија продолжена вонредната состојба до 11 април

Парламентот на Шпанија ја продолжи вонредната состојба за две недели поради пандемијата со Ковид-19.

Мерката беше изглаана откако во Парламентот беа физички присутни помалкуи од 50 пратеници од вкупно 350, а другите гласаа од дома.

Вонредна состојба во Шпанија беше воведена на 14 март, со што беше овозможено да се прогласи национален карантин, додека сега се продолжува до 11 април.

Бројот на инфицирани со новиот коронавирус во Шпанија изнесува околу 47.600 лица, а земјата е на второместо, по Италија по бројот на починати – 3.434 луѓе.