Во Шпанија повеќе починати и заразени денеска од вчера

Во Шпанија денеска бројот на починати од Ковид-19 е во благ пораст од вчера.

Според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа починаа 70, а потврдени се 482 новозаболени, пренесе Ројтерс.

Ден порано беа пријавени 48 жртви и 466 новозаболени.