Во Шкотска први смртни случаи од Ковид-19 од 16 јули

Премиерката на Шкотска, Никола Старџон, потврди дека во последните 24 часа починале двајца пациенти кои биле позитивни на коронавирусот.

Ова се првите смртни случаи поврзани со коронавирусот во Шкотска од 16 јули, пренесува Би-Би-Си.

Во Шкотска досега од Ковид-19 починале 2.494 лица, а потврдени се 19.988 случаи на зараза.