Вo школски двор малтретирале малолетници, па пукале со пиштол


Во пекотот, во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. „Призренска“, дошле три непознати лица со патничко моторно возило “фолксваген туран“ со непознати регистарски ознаки, ккои малтретирале деца што се нашле таму.

Тие ги малтретирле А.К.(18) и двајца 15-годишни и еден 17-годишен малолетник, а потоа физички нападнале други 15 и 16-годишни малолетници нанесувајќи им повреди.

По ова од непознатите лица биле испукани 2-3 куршуми во воздух од пиштол, по што напаѓачите го напуштиле местотот.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што била пронајдена и подигната една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.