Во седиштето на ОН во Виена има 43 заразени со Ковид-19


Се поголем број луѓе се заразени со новиот корона вирус во седиштето на Обединетите нации во Виена.

Здравствената служба во седиштето на ОН во Виена соопшти дека се откриени пет нови случаи на инфекција со вирусот.

Станува збор за три лица кои работат во Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), едно во Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ), како и едно лице во Организацијата за индустриски развој на ОН (УНИДО).

„Вкупниот број на луѓе вработени во седиштето на ОН во Виена, кои биле позитивно тестирани на коронавирусот, е 43“, соопштија здравствените власти.

Се додава дека 36 позитивно тестирани биле излекувани во меѓувреме.