Во САД за 24 часа рекордни 121.054 новозаразени со Ковид-19


Додека се чекаат резултатите од изборите во САД, беа регистрирани рекордни 121.054 нови случаи на заразени со новиот коронавирус.

Тоа е најголем број на заразени за еден ден, покажаа податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс. Претходниот рекорд во бројот на новозаразени беше поставен ден претходно, јави Си-Ен-Ен.