Во САД трет ден рекорден број на новозаболени лица со Ковид-19

Во САД во изминатите 24 часа уште 69.000 лица се инфицирале со новиот коронавирус, што е трет ден по ред како се регистрирани рекорден број на новозаболени луѓе.

Во девет американски сојузни држави – Алјаска, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Лујзијана, Монтана, Охајо, Јута и Висконсин пријавени се рекорден број на заразени лица во еден ден.

– Во САД во изминатите седум дена починаа над 4.200 луѓе од последици од новиот коронавирус, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може да продолжи да се влошува од ден во ден, објави „Вашингтон пост“.

Досега во САД инфицирани се над 3,1 милиони луѓе, а болниците во сојузните држави, кои се жаришта на заразата, се пренатрупани.

Расте бројот на заразени лица со Ковид-19 во последните две недели во 44 американски сојузни држави.