Во САД се појави извештај за пробни вакцинации против коронавирусот


САД– Американската фармацаветска компанија Модерна ја заврши првата фаза клинички испитувања за вакцина против новиот коронавирус, соопшти синоќа медициското списание The New England Journal of Medicine.

Во правата фаза од испитувањата со пробни вакцинации учествувале 45 здрави луѓе на возраст од 18 до 55 години. Поделени на групи од по 15, поединците примиле пробни вакцини mRNA-1273 во разни дози – од 25, 10 и 250 микрограми.

Потоа, кај учесниците од сите три групи се создале антитела од коронавирус пропорционално со дозата на вакцината. После 28 денови била изведена втора вакцинација по што бројот на антителата се зголемил.

Кај половина од учесниците во испитувањето се појавиле пропратни ефекти како умор, потење, главоболка и болка на местото на инекцијата. Најголем дел од пропратни ефекти се набљудувал по втората вакцинација.

Научниците заклучиле дека не се јавиле пречки за изведување понатамошни испитувања и затоа разработката на вакцината продоложува.