Во САД регистрирани над 215.000 новозаразени и 2.534 умрени од Ковид-19


Во САД во текот на последните 24 часа биле регистрирани 215.586 нови случаи на коронавирус, а други 2.534 лица умреле како последица на инфекцијата, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.

Си-Ен-Ен  пренесе дека вкупниот број на потврдени случаи на корона вирус во САД од почетокот на пандемијата изнесува 15.164.886, а досега умреле 286.229 лица.