Во САД повеќе од 250.000 починати од корона вирус

Бројот на починати од последици на корона вирусот во САД надмина 250.000 лица.

Стапката на смртност во земјата се зголеми во последните четири недели за 42 отсто, објави Ен Би Си, наведувајќи дека дневно се регистрираат по околу илјада смртни случаи.

Истовремено, САД потврдија еден милион нови случаи на Ковид-19 за само една недела. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, повеќе од 11,3 милиони Американци се заразени со корона вирус.