Во САД одобрија помош од 4,5 милијарди долари за имигрантите на границата со Мексико

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри нацрт закон за итна финансиска помош од 4,5 милијарди долари за илјадниците мигрантски семејства и деца без придружба кои се задржани откако влегле на територија на САД од Мексико.

Нацрт законот беше прифатен со помала сума од бараната.

– Гарантираме дека децата ќе имаат храна, облека, санитарни материјали, заштита и медицинска грижа. Обезбедуваме достап до правна помош и заштитуваме семејства, изјави Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом по гласањето.