Во САД 512.000 случаи на корона во еден ден

Џо Бајден изјави дека драматичниот пораст на ковид случаите со Омикрон варијантата „треба да биде извор на загриженост, но не треба да биде извор на паника“.


 

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, САД забележаа 512.553 нови случаи дневно – убедливо најголем број случаи регистрирани од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше 294.015, поставен на 8 јануари 2021 година.

Еден олеснителен фактор е доцнењето на известувањето за божикниот викенд. Многу центри за тестирање веројатно беа затворени за време на празникот, што значи дека некои резултати од тестот веројатно ќе беа префрлени во понеделник и вторник.

Според податоците на здравствените власти 58,6 отсто од сите случаи на ковид во САД се од Омикрон варијантата. На Делта сојот отпаѓаат 41,1 отсто.

Д-р Ентони Фаучи изјави дека задолжителната вакцина треба да важи за сите патници во САД. Центарот за контрола на болести го намали препорачаното време за изолација на луѓето што имаат позитивен тест од 10 на пет дена.

Претседателот Џо Бајден изјави дека драматичниот пораст на ковид случаите со Омикрон варијантата „треба да биде извор на загриженост, но не треба да биде извор на паника“.