Во сабота во Скопје, Атлетски митинг за рекреативци


Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, во соработка со Атлетската федерација на Македонија и Градот Скопје, в сабота (20 април), на националната арена „Тоше Проески“ ќе се одржи третиот аматерски Атлетски митинг Скопје 2019.

Ова натпреварување е наменето за сите оние кои го сакаат трчањето, рекреативно се бават со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот маратон или пак сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.

– На аматерскиот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една миља (1600 метри), 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб страницата www.prvdovrv.mk., соопшти организаторот.

Атлетскиот митинг ќе трае од 10 до 16 часот и е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат.