Во Русија уапсени над илјада лица на протестите
Најмалку 1.178 лица се уапсени на денешните протести во Русија против мобилизацијата. Ова го соопшти проектот за човекови права ОМД-Инфо. Притворања, според активистите за човекови права, имало во 38 градови. Најголем дел од приведените се во Москва, Санкт Петербург и Екатеринбург.
Во Самара полицијата приведе жена со количка и две деца. Според Idel.Realii, тие се движеле во близина на плоштадот каде што се одржуваат протестите
Во Москва и Санкт Петербург, полицијата брутално приведе демонстранти за време на маршевите, како и во метрото. Активистите за човекови права известуваат дека биле тепани демонстранти и новинари.