Во Русија речиси 5.000 новозаболени – Путин со нова уредба


Рускиот претседател Владимир Путин усвои одредба според која владата секојдневно мора да изработува процени за ширењето на корона вирусот во земјата.

Во последните 24 часа во Русија забележани се речиси 5.000 нови случаи, пренесе Ројтерс.

Откако во првите денови од епидемијата Русија имаше значително помал број случаи на заразени од корона вирус во споредба со западноевропските земји, од парил бележи пораст.

Бројот на забележани случаи во Русија изнесува 36.793, откако во последните часови беа забележани нови 4.785 заразени. Од последиците од ковид-19 починаа 313 луѓе од почетокот на епидемијата, а 40 само вчера.

Според одредбата која ја усвои Путин и која е објавена на веб-страницата на Кремљ, владата мода са пружи краткорочна прогноза за бројот граѓани кои би можеле да се заразат со вирусот и да ги ажурира и да ги објавува проценките на дневна основа.