Во Русија почина познатиот британски двоен агент Џорџ Блејк


Русија– Поранешниот британски двоен агент Џорџ Блејк, кој шпионораше за Советски Сојуз во текот на 50-тите години од минатиот век, почина на 98 години во Русија.

– Денеска почина легендарниот разузнавач Џорџ Блејк. Искрено ја сакаше нашата земја, се воодушевуваше на подвизите на нашиот народ за време на Втората светска војна, изјави портпаролот на руската разузнавачка служба, Сергеј Иванов.

Поранешниот член на отпорот во Холандија за време на Втора светска војна, а потоа агент на британската разузнавачка служба МИ6, во текот на Студената војна своите усуги во 50-тите години ги понуди своите услуги на тогашен СССР, откако сведочеше на американското бомбардирање на цивилното население во Кореја.

Блејк беше последниот преживеан од славната генерација британски двојни шпиони. Тој на КГБ му достави имиња на стотици агенти и го откри тајниот тунел во Источен Берлин што беше користен за шпионирање на Советскиот Сојуз.

Блејк беше предаден од полски двоен агент поради што во 1961 година во Велика Британија беше осуден на 42 години затвор. Тој пет години подоцна побегна и премина во тогашна Источна Германија, а потоа во Русија.