Во Русија највисок број новозаразени од 30 јули


 

Во Русија во последните 24 часа регистрирани се 5.509 нови случаи со корона вирус, што е највисок биланс од крајот на јули.

За еден ден починаа 54 пациенти, а вкупно 18.635, пренесе Тас.

Досега заразени се повеќе од 1,06 милиони луѓе, а во земјата во моментот активни се 170.985 случаи.