Во Русија над 6.400 новозаразени со коронавирус


Русија – Во последните 24 часа во Русија се регистрирани нови 6.422 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени достигна 746.369, соопшти денеска Центарот за борба против Ковид-19.

Според податоците на Кризниот центар, во изминатите девет дена, дневниот раст на заразените не надминувал 0,9 проценти.

Во Москва се пријавени 628 нови случаи на Ковид-19, додека 264 се пријавени во Санкт Петербург.

Од коронавирус во Русија се лекуваат 211.350 лица. Бројот на пациенти со коронавирус испишани од болниците се искачи на 10.424. Според кризниот центар, досега се оздравеле вкупно 532.249 лица.

Во текот на изминатите 24 часа починаа 156 лица, што е помалку од вчера, кога бројот беше 175.
Вкупниот број на починати од Ковид-19 во Русија е 11.770.