Во Русија газат преку мртвите од Ковид-19


Еден инцидент во Омск, голем град во Сибир со речиси 1,2 милиони жители, откри каква е состојбата со корона вирусот во руските региони.

Како што пишува „Дојче веле“ на 27 октомври за двајца стари тешко заболени пациенти со Ковид-19 не можело да се најде место во болница. Лекарите од итната помош на крај ги однеле во здравствената служба за политичките челници да бидат предупредени на постоечките проблеми.

Гледано однадвор, вториот бран во Руската Федерација минува помирно од првиот.

Ограничувањата не се толку струги како пролетта и најголемиот број продавници работат. Но, бројот на луѓе кои се инфицираат со корона вирус во оваа огромна земја незапирливо расте. Надлежните служби велат дека тоа е така затоа што се тестираат поголем број луѓе. Но, вестите кои доаѓаат од регионите укажуваат дека не се работи само за зголемен број тестови.

Пациенти умираат поради недостиг на кислород

Во ноќта меѓу 11 и 12 октомври умреле 13 пациенти во Ростов на Дон на југот на Русија. Оваа страшна вест ка објавија членовите на семејствата на починатите преку социјалните мрежи. Според нив, тоа се случило поради проблеми со доводот на кислород во болницата. За локалните медиуми оваа вест ја потврдија и од болницата, но изворите останаа анонимни. Тамошните служби, како и гувернерот велат дека елажна вест.

Минатиот викенд адвокатот Екатерина Гордон објави на Фејсбук приказна на лекарот Артур Топоров, кој подоцна за „Нова Газата“ ја потврди сторијата. Тој работи на одделението за корона во клиниката, а во текот на спорната ноќ бил дежурен и пријавил проблеми со давањето кислород. Ноќта, од корона заболел и главниот доктор Јуриј Дронов, а на 26 октомври починал, очигледно во некоја друга болница каде бил пренесен поради проблеми со доставата на кислород.

Директорката на Здравствената служба на регионот Ростов на Дон, Татјана Биковска во меѓувреме поднесе оставка, како и директорката на Здравствената служба на градот Ростов, Надежда Левицка.

Лекарите предупредуваат на колапс на здравството

„Во округот Курган во југоисточен Сибир пациентите со денови мора да чекаат на амбулантно возило. На доктор во поликлиниката чекаат и по седум дена. Слободни кревети нема, а нема ни персонал. Здравствениот систем е пред потполн колапс“.

Тоа во отворено писмо до претседателот Владимир Путин го напишаа вработените и пациентите од една болница од регионот.

Мртовечниците се преполни

На социјалните мрежи минатата недела поделена е видео снимка, снимена од вработените во една мртовечница во Новокузњецк, во југозападен Сибир. На него се гледа просторија полна со црни вреќи со лешови. „Сè е полно лешови, се гази по нивните глави“, зборува авторот на видео снимката.

Слично е и во регионот Кемерово на западот на Сибир, признава тамошната здравствена служба. Причината за преполните мртовечници е фактот што членовите на семејствата на починатите сакаат да ги преземат посмртните останки на своите блиски дури откако тие самите ќе оздравата од заразата со корона вирусот.

Исто така, недостасуваат и патолози. Главниот директор на болницата во Таганрог на југот на Русија неодамна изјави дека во неговата болница лешовите се ставаат под скалите.