Во руинирана кујна се спрема храна за пациентите од Детската клиника


Детската клиника со многу инфраструктурни, наталожени проблеми, а дел од нив навистина се сериозни, обзнани денеска директорот на Детската клиника д-р Реџеп Мемемди.

На пример кујната каде се спрема храна за деца и бебиња е во комплетно амортизирана состојба, со инвентар кој е повеќе од 20 години стар, и е тешко да се одржува по стандарди со простории кои се руинирани. И замислете, во вакви простории на Детска клинка со години се спрема храна за деца – рече Мемеди и праша дали тоа е безбедно.

Тој побарал да се изготват решенија, со кои ќе се реши овој проблем.

Ја покажа и пумплната станица со неколку пумпи за вода, кои секојдневно прават дефекти, па Детската клиника секоја недела има недостаток на вода. Една од тие пумпи е хидрофор кој обезбедува висок притисок за хидрантите по катови за гасење пожари, кој од 2018 година е надвор од употреба.

– Замислете денеска да имаме пожар некаде горе по катови, ние немаме притисок за гасење пожар – рече Мемеди. Е, ова е високоризичен момент – вели Мемеди.

Тој вели дека бара решенија, а институциите да се занимаваат со тоја кој е виновен и што треба да се преземе за да се подобри состојбата. И за пумпната станица вели дека ќе се реновира и ќе се направи комплет нова изолација.

Лифтовите кои се 40 години стари се надвор од функција уште пред тој да дојде на функција.

– Никој не се нафатил да се занимава со ова, а нашите пациенти се качуваат по скали – вели Реџепи.

Најави дека за двата лифта има проeкт и ќе бидат заменети, додека за другите два најавува поправка следната година.

Покажа и депо со расходи кои повеќе од 10 години не се расходувани.

– На хартија да, но ние сме затрупани од сите страни на Детска клиника со отпад преку 10, 15 години. Ова бара процедура, ангажман за да се реши ова – вели Реџепи, кој побарал и проценка и испратил извештаи до Влада и до Министерството за здравство.

Сите овие проблеми Реџепи смета дека сѐ ова е високоризично за нивните пациенти и мора што поскоро да се реши.(Б.Б.)