Во Романија уапсен осомничен руски шпион


Романските обвинители во петокот објавија дека отвориле кривична истрага против романски државјанин обвинет за предавство и шпионирање за Русија повеќе од две години

Романската единица за борба против организираниот криминал DIICOT во соопштение рече дека осомничениот од 2022 година ги надгледувал воените објекти на Романија или на НАТО во југоисточна Романија во близина на границата со Украина.

Осомничениот „собрал воени податоци и фотографирал промени во состојбата на воената опрема и персоналот во пограничната област со Украина, кои потоа им ги испратил на дипломатите од руската амбасада во Букурешт“, се вели во соопштението.

Романскиот суд одобри апсење на осомничениот на 30 дена во очекување на кривична истрага, додаде обвинителите.

Апсењето е прво во Романија, еден од центрите на западната воена и хуманитарна помош за Украина од почетокот на руската инвазија на земјата.

Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри граница со Украина, а руските беспилотни летала неколкупати залутаа на нејзина територија.