Во Романија паднаа МИГ и воен хеликоптер, загинаа осуммина


 

Во два одвоени пада на романски борбен авион МИГ-21 и веон хеликоптер загинаа вкупно осум луѓем соопшти романското министерство за одбрана.

Прво падна борбениот авион, а по него хеликоптерот

Пилотот на романскиот воен авион МИГ-21 и седумчлената хеликоптерска посада пратени да го пронајдат авионот во спасувачка мисија, загинаа кога нивните летала се урнаа во одвоени инциденти доцна синоќа, соопшти министерствот.

Авионот бил во воздушна патрола кога исчезнал од радарот воп источна Романија,меѓу селата Цогелац и Гура Доброгеи.

Пилотот на хеликоптерот, кој бил пратен да го пронајде авионот, пријавил неповолно време и бил повикан назад во базата пред и тој да падне, соопшти министерството. Романија, членка на ЕУ и на НАТО, планира постепено да ги укине руските авиони МИГ и во потполност да премине на американските Ф-16.