Во Рим пред дочекот на Нова година (фото+видео)


Италијанците денеска се расшетаа по улиците на Рим, кој е полн и со странски туристи. Тие вечерва ќе ја дочекаат новата година во вечниот град. 

Речиси во секое сокаче има некоја забава, разонода, а излозите нудат различни новогодишни подароци. 

На последниот ден од старата година, беше организирана и предновогодишна трка низ учиците на стариот град. 

Погледнте ја атмосферата од главниот град на Италија, преку фотографиите на нашиот новинар Слободанка Јовановска: