Во Република Српска стигнаа 20.000 руски вакцини, во Албанија денеска 15.000 „Фајзер“ вакцини


 

Во Република Српска денеска стигна вториот контингент од 20.000 дози руски вакцини против корона висурот „спутник V“.

Вакцините ги пречекаа претседателот на Владата на РС Радован Вишковиќ и министерот за здравство Ален Шераниќ.

Во соседна Албанија пак, денеска треба да пристигнат уште 15.000 вакцини од „Фајзер“, потврди министерката за здравство Огерта Манастирулиу.

Таа додаде дека се очекуваат и нови 14.400 дози од вакцината „АстраЗенека“, кои треба да стигнат во наредните 10 дена пеку програмата Ковакс, пренесоа албанските медиуми.