Во рециклажен двор во Британија, најдено тело на бебе


 

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека најдено е тело на новороденче во двор за рециклирање, а веројатно таму завршило откако некој претходно го фрлил во канта за ѓубре.

Додаде дека телото е најдено на 29 ноември и дека веројатно стигнали од кантите на подрачјето на Петерборо и околните места, Марша, Витлесеј, Мелбурн или улицата покрај Мил Роуд во Кембриџ.

Медицинскиот персонал му дал име на бебето

Обдукцијата е направена на 5 декември и не е утврдена точна причина за смртта на бебето, на кое медицинскиот персонал му го даде името Габриел.

„Уште го истражуваме овој трагичен случај и се обидуваме да ја лоцираме мајката на бебето. Важно е да се спомне дека ја имаме ДНК – та на бебето, па можеме да ја споредиме со родителите„, рече детективот Џон Маси, а пренесе „Дејли меил“.

„Посебно не допре гестот на медицинскиот персонал кој бебето го нарече Габриел, со оглед што почнаа божиќните празници. Уште не знаеме што се случило и ја истражуваме секоја трага. Ако некој има информации нека се јави кај надлежните“, додава тој.