Во ракетен удар на болница во Газа загинаа 300 лица

Повеќето од жртвите се пациенти, раселени семејства, деца и жени кои побарале засолниште во болницата. Палестинскиот преѕседател Махмуд Абас ја откажа средбата со Џо Бајден


Луѓе изнесуваат жртви по денешното бомбардирање на бегалскиот камп во рафах (Фото: АП)

 

Министерството за здравство управувано од Хамас соопшти дека израелски воздушен напад во вторникот погодил болница во градот Газа преполна со ранети и други Палестинци кои барале засолниште, при што загинале стотици луѓе. Доколку биде потврден, нападот би бил убедливо најсмртоносниот израелски воздушен напад во петте војни што се водеа од 2008 година.

Министерството за здравство соопшти дека загинале најмалку 500 луѓе. Фотографиите, наводно, од болницата Ал-Ахли, кои се широко споделени на социјалните видео, покажуваат дека пожарот ја зафатил зградата и тела расфрлани во урнатините. Палестинските власти потоа објави дека во ракетниот удар загинале 300 лица, а стотици се повредени. Вистинскиот број на убиени не е познат затоа што голем дел од убиените се наоѓаат под урнатините на болницата.

Претседателот на палестинската управа на Западниот Брег, Махмуд Абас, прогласи тридневна национална жалост поради смртните случаи во болницата во Газа. Тој ја откажа утрешната средба со американскиот претседател Џо Бајден кој е на пат кон регионот. Бајден треба да има средба во главниот град на Јордан, Аман, со кралот Абдула и египетскиот претседател Ел Сиси. На средбата требаше да биде и Абас, но тој веднаш по нападот на болницата тргнал од Аман кон Рамала на средсба со палестинското раководство.

Неколку болници во градот Газа станаа засолниште за стотици луѓе, надевајќи се дека ќе бидат поштедени од бомбардирање откако Израел им нареди на сите жители на градот и околните области да се евакуираат во јужниот дел на Појасот Газа.

Пожарот во болницата по ракетниот удар

Египет изјави дека Израел е одговорен за нападот врз болницата Ахли Баптистичката болница во градот Газа. Египетското министерство за надворешни работи остро го осудува инцидентот и вели дека Каиро смета дека ова „намерно бомбардирање на цивили е сериозно кршење на меѓународното, хуманитарното право и на најосновните вредности на човештвото“.

„Египет го повикува Израел веднаш да престане со својата политика на колективно казнување против луѓето во Појасот Газа“, се додава во соопштението.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека нападот на болница е незаконски. Тој рече дека вестите што доаѓаат од Газа се поразителни: „Тоа е ужасно, неприфатливо“.

Хамас, кој ја предизвика последната војна со нападот минатата недела во кој загинаа повеќе од 1.400 Израелци, нападот во болницата во вторникот го нарече „ужасен масакр“. Во соопштението се вели дека повеќето од жртвите се раселени семејства, пациенти, деца и жени.

Портпаролот на израелската војска контраадмиралот Даниел Хагари рече дека сè уште нема детали за смртните случаи во болницата: „Ќе ги добиеме деталите и ќе ја ажурираме јавноста. Не знам да кажам дали тоа беше израелски воздушен напад“.

Висок функционер на Хамас вечерва изјави за Ен-Би-Си е подготвен да ги ослободи сите цивилни заложници за еден час доколку Израел го запре бомбардирањето на Газа

На југ, израелските воздушни напади убија десетици цивили и најмалку еден висок претставник на Хамас во вторникот, додека американските официјални лица работеа на убедување на Израел да дозволи испорака на на помош за очајните цивили, хуманитарните групи и болниците по неколкудневните неуспешни надежи за отворање на опсадата.

Откако Израел го забрани влезот на вода, гориво и храна во Газа по бруталниот напад на Хамас минатата недела, американскиот државен секретар Антони Блинкен обезбеди договор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да разговараат за создавање механизам за доставување помош на 2,3 милиони жители на територијата. Американските власти рекоа дека договорот може да биде скромен, но нагласија дека тоа е значаен чекор напред.

Сепак, доцна во вторникот, немаше договор. Висок израелски функционер во вторникот рече дека неговата земја бара гаранции дека милитантите на Хамас нема да запленуваат никакви испораки на помош. Цахи Ханегби, шеф на израелскиот Совет за национална безбедност, предложи влезот на помошта, исто така, да зависи од враќањето на заложниците кои ги држи Хамас.

Денеска во Израел беше погребано петчлено семејство убиено од милитантите на Хамас (Фото: АП)

„Враќањето на заложниците, што е свето во нашите очи, е клучна компонента во какви било хуманитарни напори“, им рече тој на новинарите, без да образложи дали Израел бара ослободување на сите околу 200 луѓе кои Хамас ги киднапираше пред да дозволи снабдување.

Во Газа, десетици повредени беа итно пренесени во болници по силните напади надвор од јужните градови Рафа и Кан Јунис, соопштија жителите. Басем Наим, висок функционер на Хамас и поранешен министер за здравство, објави дека 27 лица биле убиени во Рафах и 30 во Кан Јунис.

Новинарот на Асошиетед прес видел околу 50 тела донесени во болницата Насер во Кан Јунис. Членовите на семејството дојдоа да ги земат телата, завиткани во бели постелнини, некои натопени во крв.

Во воздушен напад во Деир ал Балах една куќа стана урнатини, при што загинаа маж и 11 жени и деца во неа и во соседната куќа, од кои некои се евакуирани од градот Газа. Очевидци изјавија дека немало предупредување пред ударот.