Во ракетен напад убиено семејството на дописникот на Ал Џезира од Газа

Ваел Ал Дахдух ги загубил сопругата, синот, ќерката и внукот


 

Ал Џезира соопшти дека шефот на нејзиното биро во Газа, Ваел Ал Дахдух, ги загубил сопругата, синот, ќерката и внукот во, како што рече, израелскиот воздушен напад во средата. Експлозијата погодила куќа во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Газа каде семејството се засолнило откако било раселено, според новинската организација.

„Членовите на семејството на нашиот колега Ваел Ал Дахдух, вклучително и неговата сопруга, син и ќерка, загинаа во израелско бомбардирање“, напиша Ал Џезира во пораката во етер.

Ал Џезира објави дека внукот на Ал Дахдух, Адам, бил прогласен за мртов два часа подоцна.

Емотивниот Ал Дахдух е виден на видео како плаче додека стои над телото на својот син, завиткан во бел чаршаф. Вознемирениот новинар беше виден како го носи малото тело на својот внук низ болницата за маченици Ал Акса во Газа.

Неговиот син Махмуд имаше 15 години, а неговата ќерка Шам седум години, објави Ал Џезира. Други членови на семејството на Ал Дахдух се затрупани под урнатините, според медиумот. 

Водителот на Ал Џезира, Абдисалам Фарах, во етер ги објави смртните случаи, видливо борејќи се да ја задржи својата смиреност.

Говорејќи со Ал Џезира на излезот од болницата, Ал-Дахдух рече: „Она што се случи е јасно. Станува збор за серија таргетирани напади врз деца, жени и цивили. Само што известував од Јармук за таков напад, а израелските рации имаат насочено многу области, вклучувајќи го и Нусеират.

„Имавме сомнежи дека израелската окупација нема да ги пушти овие луѓе да одат без да ги казнува. И за жал, тоа се случи. Ова е ‘безбедна’ област за која зборуваше војската за окупација“.

Семејството Ал Дахдух беше раселено од Тал Ел Хава во бегалскиот камп Нусеират, за кој мислеа дека ќе биде безбедно место за нивно престојување, изјавија за Си-Ен-Ен од канцеларијата на Ал Џезира во Рамала.

Меѓународниот институт за печат (ИПИ) во соопштението го нарече „страшна и застрашувачка вест“. „Го осудуваме убиството на цивилите и му изразуваме најдлабоко сочувство на Ваел Дахдух.

Според Комитетот за заштита на новинарите, од почетокот на овој конфликт до средата загинале најмалку 24 новинари. Дваесет од убиените се Палестинци, тројца се Израелци, а еден е либански новинар.

Бројката го вклучува и палестинскиот новинар Рошди Сараџ, според палестинската прес-агенција ВАФА, која соопшти дека бил убиен во израелски воздушен напад.

Сараџ беше фиксатор во францускиот национален јавен радио-телевизор Радио Франс и работеше со своите дописници од мај 2021 година, според Радио Франс.