Во пукотница на плажа во Албанија убиени четири лица


Плажата во Велипоја каде се случиле убиствата

Четири лица загинаа, а две се повредени во вооружена пресметка на плажа во Велипоја во северна Албанија, јавија тиранските медиуми.

Конфликтот се случил после полноќ, а деталите сè уште не се познати.

Според скудните податоци од полицијата, соочувањето се случило по кратка расправија. Меѓу жртвите има лица на возраст меѓу 20 и 59 години.

За двајцата ранети има сомневање дека учествувале во конфликтот.