Во пукање на фестивал во Мисисипи, загина едно лице


 

Едно лице загина, а неколку се повредени во пукотници на фествалот на калта во Мисисипи, соопштено е од канцеларијата на шерифот во округот Хиндс.

Шерифот Тајрон Џонс објави на социјалните мрежи дека синоќа неколку луѓе биле проефрлени волокалните болници со непознати повреди, како и дека на местото на пукањето едно лице е најдено без знаци на живот, пренесе АП.

Џонс рече дека инцидентот се случил на саем во државата Мисисипи, која е домаќин на манифестацијата Фестивал на калта, како и дека истрагата е во тек, но не даде дополнителни детали. Медиумите пренесоа дека побарана е помош и од канцеларијата на ФБИ во Мисисипи.