Во првите четири месеци вредноста на извозот поголема за 53,7 отсто, на увозот за 46,8 отсто


Со зголемените три денари до декември годинава ќе се добијат 31 милион евра, што е сепак, помалку од планот што првично беше проектиран во Буџетот за оваа година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 2.739.362.000 долари и бележи пораст од 53,7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.704.130.000 долари, што е за 46,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – април 2021 година, изнесува 964.769.000.САД долари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

– Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), се вели во соопштението на ДЗС.

Во периодот јануари – април 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.