Во Приштина убиена сопругата на поранешниот советник на Беџет Пацоли

Приштина– Во текот на ноќта во Приштина се случиле две убиства, од кои во едното жртва, според приштинските портали, била сопругата на советникот на поранешниот претседател на привремените институции на Приштина, Беџет Пацоли.
По тој повод, потпретседателката на Демократската партија на Косово, Вљора Читаку, на Фејсбук напиша дека е нарушена безбедноста на граѓаните во Приштина, посочувајќи дека „убиства, грабежи и тепања има насекаде“.
Сопругата на поранешниот советник на Пацоли, Наим Мурсељи, Љиридона Мурсељи, е убиена по пукање во улицата Даљип Аљшиќи во Приштина.
Како што пишува Дукаџини, постои сомневање дека првично цел на грабежот бил Мурсељи, кој бил со семејството во автомобилот, а неговата сопруга била убиена откако разбојниците ја застрелале.