Во Прилеп денеска нема регистрирано заболени


Во Прилеп денеска нема регистрирано новозаболени од корона вирусот, а од заразната болест оздравело едно лице.

На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 19 лица. Од нив, 16 се позитивни на корона вирус, а во делот за изолација се наоѓаат тројца пациенти, сите негативни на Ковид-19. Во самоизолација се 158 лица.

Во деновите од викендот се забележани три нарушувања на полицискиот час.