Во превртен камион пронајдени 25 мигранти


Од МВР соопштија дека полицијата пронашла 25 повредени мигранти.

Меѓу мигрантите се седум малолетници, во камион кој се превртел. Полицијата наведува дека на патот се пронајдени 15 Авганистанци, девет Пакистанци и еден Ирачанин и дека сите тие се префрлени во болницата во Куманово.

Според извори за АП, еден мигрант, кој се здобил со сериозни повреди на ’рбетот е префрлен во клиничкиот центар во Скопје.

Како што додава, останатите се здобиле со полесни повреди и се пуштени од болница.

Полицијата се сомнева дека групата мигранти влегла нелегално во државава од Грција.

Тие ќе бидат префрлени во центарот за мигранти во Гевгелија.