(Видео) Во пожар по експлозија во Париз повредени 25 лица, четворица критично


Пожарот што денеска избувна во Париз по силна експлозија најверојатно на гас е ставен под контрола, изјави шефот на париската полиција Лоран Нуњез.

„Пожарот е под контрола“, изјави Нуњез, додавајќи дека 25 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба.
Експлозијата на гас се случи во 5-от арондисман околу 17 часот по локално време.

Првично медиумите јавија дека најмалку 16 луѓе се повредени во пожар што зафати згради по експлозија во петтиот арондисман во Париз, а деветмина од нив се во исклучитрелно тешка состојба.

Париската полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа. Локалните медикуми јавија дека најверојатно се случила експлозија на гас.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен соопшти дека пожарот избувнал во близина на Луксембуршката палата и Универзитетот Сорбона.