Во пораст новозаразените во Хрватска
Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.939 нови случаи на зараза со корона вирус.
Во моментот активни се 11.186, од кои 691 пациент се лекува во болница, а 39 се на респиратор. Починаа 18 пациенти.
Минатиот петок имаше 1.538 новозаразени, а починаа 14 пациенти.
За разлика од вчера, кога беа пријавени девет починати, денеска тој е број е двојно поголем или 18.
Вакцинирание се 65,64 отсто од возрасното население.