Во пораст бројот на починати од Ковид-19 во Италија


Во Италија од корона вирус денеска починаа 34 пациенти, што е за осум повеќе од вчера, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита.

Сепак, падна бројот на новозаразени, па така регистрирани се 210 нови случаи, за разлика од понеделникот кога имаше 303, пренесува Ројтерс.
Од избивањето на епидемијата во Италија, на 21 февруари, починаа 34.405 лица, додека заболеа 237.500, со што земјата се наоѓа на седмо место во светот.
И понатаму најлоша е ситуацијата во регионот Ломбардија, каде се регистрирани најмногу новозаболени.